Connect with us

Фудбал

Вијналдум се збогува со Ливерпул, му даде збор на клубот од Серија А.

Фудбалерот на Ливерпул, Георгинио Вијналдум, ќе го напушти Ливерпул на лето.

Според италијанските медиуми, холандскиот репрезентативец не планира да остане на „Енфилд“ и наводно веќе договорил сè со Интер, чиј член ќе биде од новата сезона.

Веќе подолго време се шпекулираше дека 30-годишниот Холанѓанец најверојатно ќе го напушти „Енфилд“. Неговиот договор истекува во јуни и нема многу индиции дека ќе биде обновен. Како резултат, играчот за врска е мета на неколку големи европски клубови.

Имаше голем интерес од Барселона и ПСЖ, но на крајот тој сепак го избра Интер.

„Колку што знам, тој веќе му вети на Интер и како слободен агент ќе дојде во Италија“, изјави новинарот на Спорт Медијасет Сандо Сабатини.