Connect with us

Фудбал

Виктор Мозес ја завршува репрезентативната кариера

По Хрватска и Шпанија, и останатите селекции исто така остануваат без фудбалерите кои ќе се фокусираат на клупските обврски.

Имено, странските медиуми објавиа дека репрезентативната кариера одлучи да ја заврши крилниот играч на Челзи Виктор Мозес.

Својата одлука Мозес ја соопшти на друштвените мрежи, поточно на Твитер, а притоа признава дека многу размислувал…

„После долго размислување одлучив да се пензионирам од репрезентацијата. Ништо нема да се мери со чувството кое го имав кога ги бранев боите на Нигерија“, кажа помеѓу другото, Мозес.

Мозес за „А“ репрезентацијата на Нигерија дебитираше во 2012. година и вкупно запиша 38 настапи.