Connect with us

Фудбал

Виљареал го сака Столе Димитриевски, Рајо порача: За оваа сума подготвени сме да разговараме!

Македонскиот голман Столе Димитриевски е во фокусот на интерес на шпанскиот тим Виљареал, чиј прв голман замина во Ајакс. Како што пишуваат дел од шпанските медиуми, Рајо Валјекано, сегашниот клуб на нашиот Столе, е подготвен да започне преговори, но сумата која ја бара е 8 милиони евра.

Останува да се види дали двете екипи ќе најдат заеднички јазик околу обештетувањето за Димитриевски, кој веќе извесен период е прв избор за голот на Рајо.

Инаку, Димитиревски во својата кариера досега настапуваше за Работнички, Гранада, Кадис, Химнастик и Рајо Валјекано.