Connect with us

Фудбал

Вилиан: Одлучив да го напуштам Челзи, а потоа се случи она што го очекував

Бразилскиот фудбалер Вилиан остана во Челзи ова лето иако се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Барселона покажа голем интерес за Вилиан, но Челзи на крајот одлучи да не го продава Бразилецот иако се чинеше дека со едната нога го напушти „Стемфорд Бриџ“. Во разговор за англиските медиуми овој крилен напаѓач призна дека пред неколку месеци донел одлука да го напушти Челзи, но на крајот се предомисли.

Image result for willian

Вилиан призна дека не бил во добри односи со поранешниот тренер Антонио Контен, и дека поради него решил да го напушти клубот. Меѓутоа кога на тренерското место на Плавите дојде Маурицио Сари овој фудбалер брзо се премисли откако разговараше со италијанскиот стратег.

„Дали се Конте и Сари слични? Нема шанса. Не би бил тука ако Конте останеше тренер. Откако тој замина сакав да останам и да играм во Челзи затоа што уживам тука. Работите сега се смени и се чувствувам доста среќен и мирен во однос на претходната сезона“, кажа Вилиан.