Connect with us

Други спортови

Вилијамс имаше само епизодна улога во Ф1

Новиот возач на Рејсинг, Ленс Строл, го критикуваше неговиот поранешен тим, Вилијамс, за нивниот неконкурентен и бавен пакет со кој возеа годинава по што за нив 2018 година беше само учество во Формула 1.

Овој тим беше на последно место кај конструкторите откако освоија само седум поени на 21 трка, а шест од нив освои Ленс Строл. Падот во формата на тимот е огромен ако се земе во предвид дека лани беа на 5-то место во поредокот.

  • Сите беа фрустрирани, дојдовме да се тркаме на почетокот од годината, но не го правевме тоа. Ние всушност само учествувавме во Формула1. Имавме некои добри моменти, но секогаш бевме далеку од конкуренцијата, истакна Строл.