Connect with us

Фудбал

Вилшер во Шведска на припреми, но не со Арсенал

Англискиот репрезентативец, Џек Вилшер, според странските медиуми го напушти Арсенал.

Вилшер, кој мораше да го прифати фактот дека нема да игра на Светското првенство ова лето, сфати дека и во Арсенал нема да цветаат рози и нема да ја има посакуваната минутажа, ако остане, поради тоа се одлучи на промени.

Тој, наводно одбил да го продолжи договорот со Арсенал, а Унаи Емери и онака не сметал многу на него, па својата кариера ќе ја продолжи во Кристал Палас.

Вилшер треба да замине за Шведска, каде што следниот месец овој тим ќе има припреми.

Вилшер е најновиот член во Палас, која и наредната сезона ќе биде прволигашки клуб, но ќе треба да почекаме за официјална потврда на трансферот.