Фудбал
Вирално видео, полицаец во Катар му покажа на навивач на Еквадор како се носи традиционалната облека (ВИДЕО)
Светското првенство во Катар започна. Вчера имаше спектакуларно отворање, а на првиот меч домаќинот Катар загуби од Еквадор со 2:0. Немаше кој знае каков фудбал, но да се надеваме дека денешната програма од три меча, ќе донесе повеќе возбудувања.
Навивачите во Катар се жалат на условите, пред се на високите цени, на немањето пиво, а самата организација е критикувана од европските и светските земји, пред се поради тврдењата за кршењето на човековите права. Имено, во Катар е забрането навачите да пијат алкохол на стадионите, навивачките не смеат да бидат разголени, а забранет е влезот и за хомосексуалците.
Но, ако ништо друго, барем во одредени случаи, гостопримство има. Имено, доказ за тоа е ова видео на кое се гледа како полицаец му покажува на навивач на Еквадор како се носи традиционалната арапска облека.