Фудбал
Вистински инфлуенсер, познато е колку Зидан заработува од објавите на Инстаграм
Зинедин Зидан сигурно е една од омилените личности во фудбалскиот свет, а многумина го паметат по неверојатните потези и голови. Сега е тренер на Реал Мадрид, со кој три пати по ред ја освои ЛШ. Заработил доста пари како играч, но и сега има солидна плата како тренер, ама заработува и од социјалните мрежи.
Угледната „Марка“ објави дека Зинедин Зидан од една спонзорска објава на Инстаграм заработува по 200.000 евра само за да спомне име на одреден бренд. Зидан на Инстаграм има дури 27,8 милиони следбеници.