Connect with us

Фудбал

Вистинско богатство, погледнете колку Реал Мадрид заработи за само еден ден од продажбата на дресовите на Мбапе

 Реал Мадрид продаде седум илјади дресови со името на Килијан Мбапе на првиот ден од продажбата, објави „El Chiringuito“. Приходот изнесува 800 илјади евра.

Промоцијата на 25-годишниот Французин како играч на мадридскиот клуб ќе се одржи на 16 јули. Како гостин ќе гостува поранешниот играч и тренер на „Кралевите“ Зинедин Зидан.

Откриени се детали од претставувањето на Мбапе во Реал Мадрид. Се очекуваат 80 илјади гледачи.

Реал Мадрид за трансферот на Мбапе објави на 3 јуни.

Во сезоната 2023/24, мадридскиот клуб стана шампион на Шпанија и ја освои Лигата на шампионите.