Connect with us

Кошарка

Витингтон се договори со „студените“

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Шејн Витингтон, неочекувано среде сезона ги промени клупските бои потпишувајќи договор со екипата на Естудијантес. Американецот со македонски пасош ја почна сезоната како член на Андора, за овој тим имаше просек од 9,7 поени и 3,8 скокови по натпревар, но за време на празничниот период беше донесена одлука за промена на клупската средина.

Витингтон немаше проблеми да најде нов клуб и веќе е нов член на „студентите“ од Мадрид. Преговорите со Естудијантес експресно беа завршени со успех, па Шејн замина на лекарски прегледи во главниот град на Шпанија, по што ќе следи и потписот на договорот. Тој има искуство од настапи во Ендеса лигата, со оглед на фактот дека сезоната 2016/17 ја мина во тимот на Обрадорио, каде имаше просек од 11,7 поени и 5,5 скокови по натпревар.

Шејн Витингтон настапи за македонската репрезентација на последниот натпревар против Косово, на кој „црвено-жолтите“ направија уште еден чекор напред кон пласман во главните квалификации за Евробаскет 2021.