Connect with us

Фудбал

Владата ќе одлучува за цените за користење на арената Филип Втори

Од АДСДП соопштија дека испратена е во Владата одлуката за преиспитување на цените за користење на услугите на Националната арена Филип Втори.

Со цел да се информира целокупната македонска јавност, а во врска со ценовникот за користење на услугите на Националната арена Филип Втори должни сме да Ве известиме дека Одборот на Директори на Акционерското друштво веќе усвои заклучок за преиспитување на цените уште на почетокот на ноември. Оваа одлука на Одборот на директори е доставена до Владата на Република Македонија така што прашањето околу утврдување на цените, Владата ќе го разгледува на седница на Генерален колегиум на 06.12.2017 година, стои во дел од соопштението.