Connect with us

Тајмаут

Владимир Кличко помага во борбата против коронавирусот

Светот изминативе неколку недели се бори со пандемијата на коронавирусот, а скоро сите спортски натпреварувања се прекинати.

Многу познати спортисти донираа пари за да помогнат во борбата против коронавирусот, а Владимир Кличко реши да помогне на свој начин.

Така, Кличко во своите хотели во Украина ќе дозволи бесплатен престој на сите луѓе на кои тоа им е потребно.

Исто така, Владимир преку Твитер испрати порака до сите дека треба да останат обединети во борбата против коронавирусот.