Connect with us

Фудбал

Влаховиќ беше навредуван од навивачите, Алегри бара да ги игнорира

Јувентус победи, Душан Влаховиќ постигна гол, а во Бергамо беше многу жешко. Навивачите на домашниот тим го навредуваа Србинот, а за тој инцидент имаше што да каже тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри.

Навивачите на Аталанта го навредуваа Влаховиќ скандирајќи му „цигани“, а тој одговори на не многу љубезен начин, за што доби жолт картон. За оваа случка имаше што да каже и Масимилијано Алегри.

– За жал, тие моменти се грди, но мора да се борите со нив. Сепак, без да им се дава преголемо значење – изјави Алегри.

Алегри ги допре и позитивните работи во Бергамо, пред се младиот тинејџер Илинг Јуниор, кој го постигна својот прв гол за Јувентус на своето деби во стартниот тим.

– Како и сите млади играчи и тој има подеми и падови. Тој штотуку се врати од повреда, но влегува во форма и добро се снаоѓа.