Connect with us

Фудбал

Влаховиќ и Дибала го враќаат Јувентус во „својата лига“

Јувентус ја победи Салернитана и горе-долу го изми горчливиот вкус поради испаѓање од Лигата на шампионите. Резултатот на натпреварот беше 2:0.

Бјанконерите одлично влегоа во натпреварот и го решија прашањето за победникот во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола.

Водечкиот гол домашните го постигнаа во 5. минута кога Пауло Дибала ја затресе мрежата на гостите по асистенција на Душан Влаховиќ.

Потоа имаше неколку можности за домашните, по големите промашувања најпрво се истакна Дибала, а потоа и Влаховиќ.

Сепак, српскиот напаѓач се искупи во 29. минута кога постигна гол со глава на асистенција на Матија Де Шиљо.

Во вториот дел Салернитана беше таа што го држеше поседот и се обиде да се врати во игра, но не успеаја да постигнат гол.

Со оваа победа Јувентус некако се врати во „својата лига“ бидејќи очигледно нема квалитет за Лигата на шампионите.

Сега „бјанконерите“ заостануваат седум бода зад лидерот Милан и тешко е да се поверува дека можат да стигнат до Скудетото до крајот на сезоната. Во следното коло по репрезентативната пауза гостува кај Интер.