Влхова повторно подобра од Шифрин во слалом

„Разочарана сум од моето скијање, но вакви работи се случуваат на скијачките трки. Минатите години бев на врвот затоа што повеќе и понапорно тренирав од сите други. Работев и попаметно. Чувствував притисок, но тренирав толку напорно што самодовербата не ми беше најбитниот фактор. Можев да скијам добро дури и кога самодовербата не ми беше на највисоко ниво, доволно беше моето добро скијање. Во моментов тешко ми е сè да избалансиран, од она што сакам да го постигнам во спортот со сè друго, и да останам на врвот во дуелите против девојчињата што работат навистина напорно“, објаснува Шифрин.

-текстот продолжува по рекламата-

Светската шампионка во велеслалом, Петра Влхова од Словачка, вторпат во период од 10 дена беше подобра во слалом од Американката Микаела Шифрин, во Флашау, Австрија, во трка во рамките на Светскиот куп (СК). За Влхова, која ја победи Шифрин на Сљеме, во Загреб, ова беше 12-та победа во кариерата во СК, седум во слалом, три во велеслалом и две во паралелслалом.

Loading...