Тајмаут
Во 2012 напишал „Животот е срање, ми треба работа“ и не ни се надевал дека сега ќе игра финале ЛШ
Приказна за младиот Ендрју Робертсон од Шкотска го заобиколи целиот свет. Тој во 2012 година на твитер напишал: „Животот е срање, ми треба работа“, а сега ќе игра во финалето од Лигата на шампионите каде со Ливерпул ќе се обиде да му ја симне круната на Реал Мадрид.
life at this age is rubbish with no money #needajob
— Andy Robertson (@andrewrobertso5) August 18, 2012
Робертсон својата професионална кариера ја започна во 2012 година, во шкотскиот третолигаш Квинс Парк каде одиграл една сезона, а потоа во 2013 година ја продолжил во Данди Јунајтед каде што исто така останал една сезона.
Во 2014 година Робертсон се сели во Англија, поточно во Хал Сити. Тука ги поминува следните три сезони, а за Хал одигра 99 натпревари и постигна 3 гола.
Со одличните игри во Хал, за младиот лев бек покажа интерес еден од големите клубови во Англија, Ливерпул. Робертсон во Ливерпул пристигна во 2017 година, а Хал за откуп на договорот на Робертсон од Ливерпул доби 8 милиони фунти.
Пред шест години кога беше на самиот почеток на кариерата не ни помислуваше дека еден ден ќе заигра во финалето од нај елитното европско натпреварување.
WHAT A FEELING!! Champions league final!!? fans were incredible tonight, safe… https://t.co/jb4NSjrfCS
— Andy Robertson (@andrewrobertso5) May 2, 2018