Connect with us

Фудбал

Во авионската несреќа животот го загубија 4 фудбалери, реагира претседателот на УЕФА

4 фудбалери и претседателот на бразилскиот клуб, Палмас ги загубија своите животи во неделата откако се урна авионот со кој патуваа.

Оваа група патуваше одделно од останатиот дел од клубот, бидејќи беа позитивни на тестот за Ковид-19.

По овој трагичен настан, реагираше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на жртвите и клубот по оваа трагедија“, рече тој.

Во 2016 година, слична несреќа се случи и во Бразил, кога животот го загубија 19 членови на клубот „Чапекоенсе“.

Во јануари минатата година животот го загуби и кошаркарската sвезда Коби Брајант во авионска несреќа.