Connect with us

Фудбал

Во Баерн (М) не се знае кој пие, а кој плаќа

Хаосот кој владее во редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), доби уште една потврда. Како ден е јасно дека тимот кој е предводен од хрватскиот стручњак Нико Ковач има потреба од неколку квалитетни засилувања доколку сака да ја продолжи доминацијата во Бундес лигата и да биде конкурентен во Лигата на шампиони.

Интересно, клучните луѓе во клупското раководство дадоа сосема различни изјави околу решението за овој сериозен проблем.

Спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ за спортскиот весник “Кикер” изјави: “Секогаш ги држиме очите отворени кога се во прашање можните засилувања”.

Освен веќе договорениот трансфер на Алфонс Дависен од редовите на Ванкувер, Салихамиџиќ откри дека баварскиот гигант сака да купи уште еден играч и номално дека ќе биде купен и нов бек.

Сепак, таквата изјава на спортскиот директор експресно беше демантирана од клупскиот претседател Ули Хенес.

Нема ништо од купувањето за време на зимскиот преоден рок. Реконструкцијата и транзицијата на тимот ќе се случи за време на летниот преоден рок. Ништо нема да се случи во јануари, изјави Хенес за “Скај””.

Претседателот негираше се што изјави неговиот прв оперативец кој е задолжен за кадровската политика и додаде: “Коман се враќа за две недели. Толисо ќе се врати во февруари. Тоа е исто како да сме купиле нови фудбалери. За време на летниот преоден рок ќе го измениме лицето на првиот тим#.