Фудбал
Во Барселона огорчени: Судијата го прекрши правилото додека гледаше ВАР
Барселона синоќа го совлада Еспањол со 1:0 на домашен терен во натпревар од 35. коло на шпанската Ла Лига.
Со оваа победа Барселона одржува чекор со Реал Мадрид, додека Еспањол испадна во понизок ранг по 27 години. Но, овој натпревар не можеше да биде без скандал, барем така тврдат во таборот на каталонскиот клуб.
Имено, на самиот почеток на второто полувреме Барселона остана со играч помалку затоа што Ансу Фати доби директен црвен картон. Овој тинејџер влезе во игра во 46 минута и мина само четири минути на теренот.
Фати го фаулираше Калер и судијата Хозе Луис Мунуер Монтеро му покажаа жолт картон, но потоа му беше наложено да го погледне видеото од ВАР собата. Судијата потоа се премисли и му даде црвен картон на Фати.
Во Барселона, сепак, тие се бесни од однесувањето на Монтеро. Имено, тие објавија дека главниот судија само ја погледнал фотографијата на екранот, и дека веднаш се свртелл и му дал црвен картон на Фати.
Од Барса, рекоа дека судијата го прекршил нагласеното правило во кое се вели дека при употреба на ВАР, тој мора да гледа снимка од целата ситуација, а не само фотографијата, и да донесе одлука заснована врз неа.
Во Барселона тврдат дека заради таа судијата не видел дека Фати прво дошол до топката, а потоа дека го фаулирал Калер.