Фудбал
Во Барселона се бесни поради фотографијата објавена од Франс Фудбал и веруваат дека сето тоа било нарачано
Франс Фудбал вчера објави фотографија од Лионел Меси во дресот на ПСЖ, што предизвика голема осуда од Барселона.
Барселона и ПСЖ наскоро ќе го играат дуелот во осминафиналето од Лигата на шампионите, а ситуацијата меѓу овие клубови стана доста напната. Главната причина за тоа е Лионел Меси, за кого се шпекулира дека ќе ја напушти Барса на крајот на сезоната и ќе потпише за Париз.
ПСЖ не ја крие желбата да го донесе Меси на крајот на сезоната, и тоа го прави многу јавно во своите изјави. Ваквите работи го иритираат Роналд Куман и челниците на Барселона, кои рекоа дека ваквото однесување не е многу професионално.
Вчера во Барелона повторно беа многу лути на новите шпекулации и веруваат дека сето тоа било „нарачано“ од ПСЖ.
Имено, Франс Фудбал вчера на насловната страница објави фотографија од Меси во дресот на францускиот клуб, што воопшто не им се допадна на Каталонците. Тие сметаат дека сето ова се прави намерно со цел да се разниша атмосферата во соблекувалната на Барса пред дуелот против ПСЖ.