Connect with us

Тајмаут

Во Базел одбија да именуваат улица по Федерер

Во родниот град на 20-кратниот грен слем шампион Роџер Федерер – Базел, одбија да именуваат улица по тенисерот.

„Политиката на Базел е дека само мртвите луѓе можат да имаат плоштад или улица именувана по нив на овој начин“, вели градскиот топограф Пол Хафнер.

Базел веќе има трамвај кој го носи името на Федерер и во тек се разговори за изградба на зграда во негова чест.

41-годишниот се повлече од тенисот оваа година откако го играше Лејвер купот во Лондон на крајот на септември.

Швајцарецот има 20 титули на Грен слем турнири, 111 победи на АТП турнири, два олимписки медали – златни во двојки и сребрени во сингл. Како светски рекет број еден, Федерер помина 310 недели.