Connect with us

Фудбал

Во БиХ железницата откажува линии поради страв од навивачи

Железницата на Босна и Херцеговина откажа две линии на брзиот воз 714/715 на релација Бања Лука – Добој кој требаше да тргне денес во 05:28 часот, како и линијата на брзиот воз кој по распоредот, утре тргнува од Сараево во 15:39 минути.

Причина за откажувањето на линиите е најавата дека околу 150 навивачи на Борац од Бања Лука планираат со воз да патуваат на натпревар во Сараево.

Железницата на БиХ веќе има лошо искуство со навивачите и поради страв од повторно уништување на инвентарот и вагоните ги откажаа двете линии.