Фудбал
Во Бундеслигата голот ќе може да се прослави само со допирање со лактите или нозете
По двомесечна пауза, следната сабота на 16 мај фудбалската сезона во Германија ќе започне со натпреварите од Првата и Втората лига.
„Билд“ воедно додава дека на играчите нема да им биде дозволено да се ракуваат со рацете или да се гушкаат кога слават голови. Колку што е можно, тие мора да се воздржат од плукање на теренот, се наведува во документот што клубовите го добиле од Здружението на германската лига (ДФЛ).
На стадионот во Германија исто така ќе нема да има маскоти, играчите нема да се ракуваат пред натпреварот и нема да има групни фотографии. Екипи од тунелот или соблекувалната нема да излезат во исто време на терен.
KANAL5.com.mk