Фудбал
„Во еден момент јас и Робен бевме подобри од Меси и Роналдо, но знаеме што беше пресудно
Франк Рибери и Ариен Робен некогаш беа смртоносен тандем во тимот на Баерн.
Двојката одигра неколку фантастични сезони, а беа меѓу најзаслужните играчи за освојување на Лигата на шампионите во 2013 година. Тогаш Баерн во финалето го победи Дортмунд, а голот за титулата го постигна Робен.
Сепак, и денес за многумина е неверојатно што ниту еден од нив не успеа да ја освои Златната топка на врвот на својата кариера.
Тогаш се уште траеше доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а се чини дека немаше место за други играчи, без разлика каква сезона имаа во клубовите и во репрезентацијата.
Затоа Рибери искрено изјави дека верува дека тој и Робен во еден момент биле подобри од Меси и Роналдо, но знае и што одлучило да бидат попопуларни и погледани во светот.
„Искрено мислам дека Робен и јас бевме подобри од Меси и Роналдо во еден момент. Сепак, тогаш тие играа „Ел Класико“ секој месец дена и затоа публиката ги гледаше многу повеќе од нас другите. Тоа на крајот одлучи“, рече Рибери.
Рибери и Робен заедно во Баерн играа десет години, а поради одличната соработка на теренот го добија прекарот „Разбојништво“.