Connect with us

Фудбал

Во фудбалскиот сојуз на Србија нема страв поради прозивките од Косово

Фудбалската федерација на Србија нема да реагира на повиците од Косово.

Имено, од Косово жестоко реагираа по мечот Португалија – Србија, потенцирајќи дека Немања Радоњиќ, Стефан Митровиќ и Душан Влаховиќ носеле маици со натпис „Весели се српски народе“.

„ФС на Косово ќе се жали до УЕФА за однесувањето на српските фудбалери кои се појавија во маици со националистички натписи по натпреварот против Португалија“, соопшти ФС на Косово.

„Во песната се спомнуваат градови во две соседни српски држави Призрен на Косово и Румија во Црна Гора и тоа е неприфатливо. Ваквата провокација и националистички гестови не се во согласност со европските вредности, туку се само дел од српските шовинистички и освојувачки соништа и мисли“, додаде Фудбалскиот сојуз на Косово.

Извор близок до Фудбалската федерација на Србија наведува дека не се плашат од казна бидејќи делегатот не запишал ниту еден спорен момент.

Да потсетиме, Србија славеше со 2:1 со голот на Александар Митровиќ во 90. минута, со што избори директен пласман на Светското првенство во Катар.