Фудбал
Во градовите домаќини на Мундијалот ќе има засолништа за бездомни животни
Организацискиот комитет на Светското фудбалско првенство 2018 и Министерството за спорт на Русија им наложија на градовите домаќини на Мундијалот да изградат засолништа за животни скитници.
Забележано е дека засолништа веќе се изградени во Нижни Новгород, Санкт Петербург, Калининград и Саранск. Во останатите седум градови, се очекува такви објекти да бидат готови во блиска иднина.
– Ние имаме јасна и разбирлива позиција. Ги повикуваме регионите да користат само хумани мерки за контрола на популацијата на бездомни животни и создавање засолништа. Работата во оваа насока веќе започна. Во никој случај нема да има еутаназија. Нашата заедничка линија е хуман третман на животните, изјави Алексеј Сорокин, претседател на организацискиот комитет на СП Русија 2018.
Фудбалскиот Мундијал ќе се одржи од 14 јуни до 15 јуни во 11 градови на Русија.