Connect with us

Ракомет

Во Кавадарци ќе се бие битката за опстанок во Суперлигата

РФМ го одреди градот Кавадарци и неговата сала “Јасмин“, како место каде ќе се одигра решавачката бараж-средба за опстанок во македонската Суперлига.

Екипата на Металург 2, која плејаут-фазата ја одигра со променлива форма, ќе се обиде да опстане во лигата во меч со тимот на Струга, второпласираниот од натпреварувањата во Првата лига. Победникот од оваа средба идната сезона ќе се натпреварува во Суперлигата, а поразениот ќе мора да настапува во Првата лига.

Оваа средба почнува во 19 часот.