Фудбал
Во Манчестер Јунајтед не чинеше, но Гвардиола го сака: 80 милиони за „Биг Ром“
Откако Манчестер Јунајтед се чини дека се откажа многу лесно од него, Ромелу Лукаку блесна во дресот на Интер. Тој е еден од најдобрите стрелци во италијанската Серие А, а речиси на секој меч постигнува голови.
Добрите партии не останаа незабележани. Па, така Пеп Гвардиола ќе се обиде да го донесе во Сити. Како што пишуваат англиските медиуми Манчестер Сити подготвува 80 милони евра понуда, сакајќи да ја искористи финансиската криза во Интер.
Наводно на Лукаку ќе му понудат и повисока плата. Дали Интер ќе се одлучи на продажба на нивниот најдобар напаѓач, остаува да се види.