Фудбал
Во Милан подготвуваат големо засилување: Агентот „фатен“ во преговори
Екипата на Милан игра доста добро оваа сезона и изненади многумина со одлични настапи во Серија А.
Росонерите се уште се на врвот на табелата, но тешко е да се очекува некој да го запре Интер на патот до титулата, а Милан сега сака да се бори со сите сили за Лигата на шампионите.
Доколку го постигнат тоа, на екипата од Сан Сиро ќе биде неопходно засилување за следната сезона, а наскоро овој клуб може да добие навистина големо офанзивно засилување.
Агентот на италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње беше „фатен“ на преговорите во центарот на Милано и нема да биде изненадување доколку 29-годишниот фудбалер го носи црвено-црн дрес.
Инсиње е обврзан со договор со Наполи до летото 2022 година. Многу се зборува за неговото заминување од клубот каде што порасна и ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи.
Освен неколку позајмици, Инсиње целата своја кариера ја помина во Наполи, каде постигна 105 гола на 388 натпревари.