Connect with us

Фудбал

Во Милан загрижени, Ибрахимовиќ позитивен и на новото тестирање за Ковид 19

Фудбалскиот клуб Милан минатата недела објави дека Ибрахимовиќ и Дуарте се позитивни на коронавирус. Поради тоа пропуштија два меча. Се очекуваше дека за десетина дена ќе се вратат во тимот, но Скај Спорт тврди дека тоа нема да се случи.

Причината е тоа што Ибрахимовиќ и Дуарте денеска биле повторно тестирани, а тестовите покажале дека двајцата уште се позитивни на Ковид 19. Тие веќе десетина дена се наоѓаат во изолација. Следниот првенствен меч на Милан е на 17-ти октомври против Интер.