Фудбал
Во недела на „Сантијаго Бернабеу“ се игра фудбал, а во понеделник потполно друга слика
Реал Мадрид се врати на „Сантијаго Бернабеу“ по година и пол.
Во многу ефикасен натпревар, кралевите победија со 5:2 со хет-трик на најдобриот играч на мадридскиот тим, Карим Бензема.
Култниот фудбалски храм во последните месеци беше вистинско градилиште и изгледаше непрепознатливо, но е оспособен да се играат натпревари.
Навистина беше прекрасно на стадионот во Мадрид во неделата вечерта, но еден ден подоцна се беше вратено во истата состојба како и во претходните месеци.
Во понеделникот наутро, машините и крановите беа вклучени, подготвени за работната недела. Во исто време, работниците изведуваат работи на трибините и на влезите.
На теренот се поставени и грејачи за да бидат во совршена состојба до следниот натпревар на домашен терен, кој е закажан за 22 септември кога ќе пристигне Мајорка.
Инаку, Реал одлично влезе во новата сезона. Моментално води со 10 поени. Валенсија и Атлетико Мадрид имаат ист ефект.
Популарните „Лос Бланкос“ ги очекува две исклучително големи искушенија оваа недела. Во среда ќе играат против Интер во Лигата на шампионите, а за викендот на Местаља со секогаш непријатните Лилјаци.