Фудбал
Во Реал, никому не му е јасно што се случува: Тотенхем ја активираше клаузулата за Бејл од 2013 година
Герет Бејл се врати во Реал Мадрид откако му истече позајмицата во Тотенхем.
Велшанецот минатата сезона ја помина на позајмица во лондонскиот клуб и остави прилично добар впечаток на крајот од сезоната, но Тотенхем не реши да го откупи неговиот договор.
Бејл на тој начин ќе се врати во Реал Мадрид и ќе ги започне подготовките за новата сезона и очигледно ќе остане во Кралскиот клуб.
Се очекуваше Реал да се обиде да го продаде Бејл ова лето, но се чини дека тоа не се случи откако Карло Анчелоти ја презеде тренерската клупа. Очигледно е дека Италијанецот ќе смета на Бејл, а тој не сака клубот да го продаде.
Бејл има едногодишен договор со Реал и можно е следното лето да го напушти клубот како слободен агент.
Но, и покрај тоа што заврши неговата позајмица во Тотенхем, Реал Мадрид сè уште не ги исполни своите обврски кон лондонскиот клуб.
Имено, кога се согласија да го продадат Бејл пред осум години, овие клубови се согласија да одиграат пријателски натпревар. Реал му понуди на Тотенхем да дојде во Лондон како дел од договорот што клубот го прифати.
Сепак, откако поминаа седум години од неговиот трансфер, а потоа и од договорот за позајмица во Реал Мадрид, тие сметаа дека нема ништо од пријателскиот натпревар, но погрешија.
Челниците на Тотенхем контактираа со кралскиот клуб и изјавија дека сакаат да се одигра пријателски натпревар овој месец како дел од подготовките за новата сезона.
Ова ги изненади челниците на кралскиот клуб, кои на почетокот не знаеја за што станува збор, но ги потсетија од Тотенхем дека таква клаузула постои во договорот кога Бејл се пресели од овој клуб во Реал Мадрид летото 2013 година.
#Tottenham have a requested a pre-season friendly against Real Madrid this summer because of a clause included in Gareth Bale's ??????? transfer in 2013, that forces Real Madrid to play the friendly against them. [@jfelixdiaz via @theMadridZone] pic.twitter.com/z9uanhqOOJ
— The Spurs Express (@TheSpursExpress) July 5, 2021