Фудбал
Во Реал веќе пречкртаа три играчи
Реал Мадрид отпиша три играчи за следната сезона, а Еден Азар е меѓу нив.
Шпанскиот новинар Хозе Феликс Дијаз изјави дека Еден Азар, Марсело и Иско не се во идните планови на клубот од Мадрид и дека клубот ќе се обиде да се ослободи од нив ова лето.
Нема да биде лесно. Сите имаат договори со многу добри примања, но клубот ќе стори се за да се ослободи од нив во летниот преоден рок.
Посебно разочарување за сите во Мадрид е Еден Азар. За две сезони, платениот 100 милиони евра Белгиец не покажа ништо и помина повеќе време надвор од теренот поради повреди.
Клубот пред се ќе се обиде да се ослободи од него. Плата од 460 000 евра неделно е огромна за некој што не дава придонес во клубот и кој има постигнато само четири гола на 40 одиграни натпревари во две сезони.
Од друга страна, за заминувањето на Марсел и Иско се зборува веќе неколку сезони. Сепак, тие секогаш остануваа во клубот, но сега конечно можеа да заминат.
И двајцата имаат договори до летото 2022 година и ќе биде интересно да се види дали управата на кралскиот клуб ќе успее да ги продаде или ќе се согласи да ја прекине соработката.
Марсело (33) е апсолутна легенда на клубот. Тој е во Мадрид од 2007 година и со Кралевите освои се што можеше. Искусниот Бразилец одигра 526 натпревари за Реал.
Иско е во клубот од 2013 година. Тој пристигна од Малага, но иако е во клубот веќе осум години, тој никогаш немал улога на вистинска sвезда како што се очекуваше.
Сепак, тој добро го искористи своето време на теренот. Тој постигна 51 гол на 334 натпревари и, како и поголемиот дел од сегашниот состав, освои бројни трофеи со мадридскиот гигант.