Фудбал
Во Швајцарија почнаа дисциплинска постапка против Балотели
Дисциплинската комисија на Швајцарската фудбалска федерација потврди дека отвора постапка против напаѓачот на Сион, Марио Балотели, како и против претседателот на клубот Кристијан Константин, откако двајцата ја критикуваа федерацијата, нарекувајќи ја мафија.
„Не знам со која мафија работите, но играчите како мене не се горди што играат во лига во која владеат неправди, корупција и нееднаквост. Нема да го ризикувам здравјето на теренот доколку не ме заштитите од повреди и агресија на навивачите. Цел свет гледа како функционира оваа лига“, напиша Балотели.
Неговиот шеф Константин застана во одбрана на поранешниот репрезентативец на Италија, откако ги обвини француските говорници во швајцарскиот фудбал дека имаат различни правила од оние што зборуваат германски.
Балотели веќе има една дисциплинска казна откако им покажа среден прст на навивачите на Базел.