Connect with us

Кошарка

Војдан и Трајковски најдобри, кај дамите Митрашиновиќ

Македонската кошаркарска федерација ги додели признанијата на најдобрите за 2018 година. За најдобра македонска кошаркарка беше избрана Анџелика Митрашиновиќ, додека во машка конкуренција наградите отидоа во рацете на капитенот во репрезентацијата, Војдан Стојановски, како и кај Бојан Трајковски.

За најдобар тим во сениорска конкуренција наградата ја прими шампионскиот тим на Работнички, додека за млади кошаркари/ки титулата ја понесоа Виктор Ефремовски и Илина Селцова. Тренер на сезоната е стратегот на шампионскиот состав – Марин Докузовски.

Кај дамите, за најдобар тим на годината е прогласен Бадел 1862, додека во младинска конкуренција – Струга 2009.

  • Би сакал да им честитам на сите што се закитија со наградите од МКФ. Истовремено да посочам и на оние што не се најдоа да веруваат во себе, за наредната година да се најдат тука. Тоа го покажа нашиот млад тим М16, кој беше аутсајдер. Никој не веруваше во нив, но како што видовте, тие се вратија како јунаци и влегоа во А-дивизија, која донесе гордост за нас. Верувам дека во иднина многу ќе станат и сениори. Исто така, позитивни резултати имаше и А-селекцијата, по оној мал пад пред две години. Пак се враќаме на старите патеки. Имаме поддршка од јавноста. Се надевам дека кошаркарите водени од Давитков ќе дојдат до ЕП и ќе бидат онаму каде што сакаме сите да ги видиме. Се надевам дека во наредната година сите ќе имаме поуспешна работа и уште поуспешни резултати, изјави претседателот на МКФ, Петар Наумоски.