Connect with us

Други спортови

Вон се враќа на патеката

Четирикратната носителка на Светскиот куп во алпско скијање, Линдзи Вон (34), викендов за прв пат ќе стартува оваа сезона во Австрија. Американката е целосно опоравена по повредата на коленото и ќе се врати на патеките. Вон ќе земе учество во натпреварите во спуст и Супер-Џи во австрискиот зимски центар Сент Антон оваа сабота и недела.

  • Уште не сум завршила! Поминаа тешки шест недели, но повторно сум на скии и немам трпение да се вратам на стартната линија. Ќе се видиме во Сент Антон викендов, напиша олимписката шампионка во спуст од 2010 година на својот Инстаграм – профил.

Линдзи, која е најуспешна алпска скијачка со 82 победи во Светскиот куп, се повреди на тренинг во Резене Маунтин во Колорадо во ноември.