Connect with us

Тајмаут

Вујовиќ за Спорт Клуб: Во Скопје ме сакаат најмногу

Работел за сите земји на бившата Југославија, освен во Босна и Херцеговина. За себе вели дека е Југословенец. И денеска кога ќе ја слушне химната „Хеј Словени“ му навираат емоции…

Веселин Вујковиќ во интервју за српски Спорт Клуб зборува за Македонија и за периодот кога беше на клупата на Вардар. Вели дека се чувствува како Југословен, без разлика што е роден Црногорец. Работел, речиси, во сите републики на поранешната држава и досега секаде го сакаат.

„Тоа што сум роден во Црна Гора, а сум работел за сите останати држави и што живеам во Шабац ме прави уште поголем Југословен. И ден денес кога ја слушам ‘Еј Словени’ ми поминуваат морници. Никаде не сум имал непријатности. Кога заминав во Загреб размислував за тоа како ќе ме дочека публиката. На првиот натпревар беше коректно, аплаузи топло-ладно, бидејќи дошол некој кој во ракометот направил многу. Но кога таа сезона дојде да играме со Барселона за пласман на Ф4, кога влегов во салата 17.000 луѓе станаа на нозе да ме поздрават“, вели Вујовиќ.

Интревјуто во целост може да го прочитате тука.