Connect with us

Фудбал

Вулверхемптон конечно се договори за португалскиот репрезентативец

Вулверхемптон ќе ја ангажира ѕвездата на Валенсија, Гонзало Гуедес за 35 милиони фунти. 25-годишниот напаѓач не учествуваше во контролата на лилјаците над Аталанта во саботата додека разговорите напредуваа.

Во неделата, двата клуба се ракуваа за 27,5 милиони фунти и дополнителни 7,5 милиони фунти во бонуси.

Гедеш ќе пристигне на Островот, ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише договор со „волците“. Тоа најверојатно ќе се случи веќе во понеделник.

Португалскиот интернационалец веќе подолго време е трансфер цел на Волвс. Тимот сака да го засили својот напад. Гедеш може да игра како крилен напаѓач и како втор напаѓач. За 5 години во Валенсија одигра вкупно 178 натпревари на кои постигна 36 голови.