Connect with us

Фудбал

За 24 часа пристигнале преку 1,3 милиони барања за за влезници за СП 2018

Преку 1,3 милиони барања за билети биле примени во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба за Светското Првенство кое што идната година се игра во Русија.

Навивачите од цел свет испратиле 1.318.109 барања за влезници. Вториот круг трае до 31 јануари 2018 година. Според правилата доколку бројот на пријавени е поголем, ФИФА преку ждрепка ќе одбира пријавени кандидати кои ќе имаат право да купат влезници.

Моментно најголем број барања за влезници се од Русија додека од странство се 34 отсто барања. Навивачи од Аргентина, Перу, Мексико, САД, Колумбија, Бразил, Мароко, Египет, Кина и Полска досега поднеле најмногу барања.