Connect with us

Фудбал

За Клајверт и Хрватска меѓу фаворитите на Мундијалот

Поранешниот холандски фудбалер Патрик Клајверт (41) смета дека и Хрватска е меѓу фаворитите за освојување на титулата светски шампион.

– Мислам дека Шпанија е голем фаворит, а и Белгија исто така. Но, овие репрезентации секогаш биле во врвот. Меѓутоа, погледнете го средниот ред на Хрватска со Ракитиќ и Модриќ, кои играат за двата најдобри клубови во светот…Клучна ќе биде токму играта на средина на теренот, а хрватската репрезентација го има токму тоа, истакна Клајверт за шпански „АС“.

Реал Мадрид, каде настапува Лука Модриќ, трипати во низа ја освои Лигата на шампионите, додека Барселона, за која игра Иван Ракитиќ, го освои шпанското првенство и купот.

Холандија не успеа да се квалификува за Светското првенство, кое утре почнува во Русија.