Connect with us

Ракомет

За крај, наубедлив пораз на македонските кадети во Романија

Македонската кадетска репрезентација турнирот „Трофеј Карпати“ го заврши како што и го почна – со пораз. Денеска младите македонски ракометари го доживеаа својот највисок пораз од дури 10 голови разлика. Подобра од нас беше Холандија, која не совлада со 24:34. Македонија на овој турнир заврши на последното место.

Во изминатите шест дена кадетите одиграа шест средби во Унгарија и во Романија и ги загубија сите, што веројатно ќе го активира алармот кај раководството на оваа наша репрезентација, која се подготвува за ЕП во Грузија.

Некои репрезентативци на ова турнеа настапија со повреди, но тоа не е доволно добро оправдување за долгата серија порази.

Заедничките подготовки ќе продолжат на 4 јули.