Connect with us

Кошарка

За МЗТ ќе игра Американецот Гравет

Објавено:

Американскиот кошаркар Хасани Гравет е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот од Аеродром.

Станува збор за плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд меџик.

Во втората по квалитет професионална лига во САД, 24 годишниот Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции.

Претходно, универзитетската кариера ја почнува во Пенсакола стејт, од каде што по една година преминува во Јужна Каролина, со која веќе во првата сезона доаѓа до фајналфор-турнирот во престижната НЦАА-лига. Негови главни оружја се брзината, агресивноста, одличниот преглед на играта и шутот за три поени.

Гравет е второто странско засилување за МЗТ во пресрет на новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама