Connect with us

Фудбал

За некои среќа, за некои тага: Повеќето играчи на Јунајтед се радуваа на голот, еден беше „скаменет“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите со сигурна победа на гостувањето кај Виљареал со резултат 0:2.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа голови на крајот од натпреварот. Прво погоди Кристијано Роналдо, а потоа и Џејдон Санчо.

Тоа беше дебито на Санчо од неговото пристигнување на Олд Трафорд, па не е ни чудо зошто тој беше особено воодушевен. Нема сомнеж дека од срцето му паднал камен.

И додека Санчо славеше, Бруно Фернандез беше тажен и „замрзна“ по навистина одличен гол на англискиот фудбалер.

Додека повеќето играчи втрчаа во прегратките на Санчо да му го честитаат голот, Бруно остана „скаменет“ неколку моменти, по што се приближи до останатите од групата и се приклучи на прославата.

Многу навивачи на Манчестер Јунајтед го забележаа тоа, па се добива впечаток дека Фернандеш беше многу фрустриран што отпадна од првиот тим бидејќи Мајкл Керик реши да го остави на клупата.

Реклама

Facebook

Реклама