Connect with us

Фудбал

За нив, фудбалот е поважен од парите: Пораката на Дортмунд до челниците на ПСЖ ги воодушеви сите

Претходните денови се шпекулираше дека ПСЖ ќе се обиде да го доведе Ерлинг Халанд на самиот крај од преодниот рок.

Се започна откако некои шпански медиуми објавија дека Килијан Мбапе ова лето сигурно ќе го засили Реал Мадрид, и дека ПСЖ се согласи да го продаде.

После тоа, се појави информација дека ПСЖ ќе се обиде да донесе нов напаѓач како замена за Мбапе, а првиот избор на клубот беше Ричарлисон.

Сепак, некои француски медиуми објавија дека ПСЖ дури ќе се обиде да го доведе Ерлинг Халанд и дека ќе платат дури 150 милиони на Борусија Дортмунд за норвешкиот напаѓач.

Но, сега е јасно дека ништо од ова нема да се случи, колку и да нудат парижаните на германскиот клуб за Халанд.

Директорот на Дортмунд, Мајкл Зорк, испрати јасна порака до челниците на ПСЖ и им даде до знаење дека немаат намера да го продадат Халанд ова лето, без разлика каква понуда ќе добијат.

„Ние сме фудбалски клуб, а не банка. Нашата позиција е многу јасна од самиот почеток и не се промени. Халанд не е на продажба“, рече Зорк.

Многумина веруваат дека норвешкиот напаѓач сигурно ќе го напушти Дортмунд следното лето бидејќи има клаузула во договорот дека може да замине за 80 милиони евра, а таа ќе биде активна од 1 јули 2022 година.