Connect with us

Фудбал

За Пјаниќ заинтересиран дури и тренер кој нема клуб

За услугите на Миралем Пјаниќ заинтересирани се бројни клубови во овој момент, се разбира ако можеме да им веруваме на италијанските медиуми.

Пјаниќ минатата сезона беше еден од клучните играчи на Јувентус, на средината од теренот, и сигурно би можел да игра во било кој клуб во Европа.

Претходно се пишуваше дека најголем интерес за неговите услуги покажува Барселона, но „Каталонците“ веќе неколку години се спомнуваат како следна дестинација на Пјаниќ, па многумина веќе не веруваат толку многу на оваа приказна.

Сепак, како што пренесува „Calcionews24.com“, во трката се вклучи и Пеп Гвардиола, кој би сакал да го виде Пјаниќ во Манчестер Сити, а покрај „Граѓаните“ наводно заинтересирани биле Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Истиот изгор оди толку далеку што го спомнува и Маурицио Сари како тренер кој го сака Пјаниќ – само прашање е каде го сака. Сари веќе некое време е без клуб откако замина од Наполи, но како што пишуваат италијанските медиуми, тој наскоро би требало да го преземе Челзи, па следната дестинација на Пјаниќ би можела да биде Лондон.

Претходно беше објавено дека „Старата дама“ за Пјаниќ бара 80 милиони евра.