Connect with us

Фудбал

За прв пат во фудбалот покажан бел картон, го добија лица од медицински екипи на тимовите (ВИДЕО)

Во Португалија, на Куп мечот помеѓу женските тимови на Бенфика и Спортинг се случи нешто за прв пат во историјата на фудбалот. Имено, главната судијка на мечот им додели бел картон на членовите на медицинскиот тим на двете екипи, кои реагираа брзо откако се слоши на една фудбалерка. Белиот картон всушност е воведен со цел промоција на фер плејот. Инаку, тимот на Бенфика славеше со убедливи 5:0.