Фудбал
За прв пат во историјата на фудбалот: Натпревар започнат со формација 3-2-1
Во колумбискиот шампионат се одигра неверојатен натпревар.
Пандемијата на коронавирусот во голема мера го наруши целиот свет, вклучително и спортот. Видовме секакви работи во изминатата година кога се појави коронавирусот, но навистина не сме виделе фудбалски натпревар со седум играчи.
Во Колумбија, тимот на Агилас против Чико го започна натпреварот со седум играчи на теренот, бидејќи 14 играчи беа заразени со коронавирус.
Противникот не сакаше да го одложи натпреварот, а Колумбискиот фудбалски сојуз исто така не ги послуша нивните проблеми, па излегоа на теренот во формација 3-2-1.
И до 57. минута добро се држеа, беше 0:0, а потоа брзо примија три гола. Откако еден играч на Агилас се повреди и немаше кој да го замени, натпреварот автоматски мораше да биде прекинат.
Раководството на Агилас објави дека ќе го тужи Колумбискиот фудбалски сојуз во Арбитражниот суд за спорт во Лозана.
? INCREÍBLE
⚽ En Colombia, Ríonegro Águilas jugó con siete jugadores ante Boyacá Chicó. Los lesionados y los casos positivos de Covid-19 hicieron que haya dos arqueros en la cancha. pic.twitter.com/g96DaeuePk
— Radio Master Luján (@RadioMasterLuj) April 12, 2021