Фудбал
За првиот „подарок“ за Покетин од управата на ПСЖ беа исплатени 35 милиони евра
Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино и пред неколку дена официјално стана нов тренер на ПСЖ. Тој потпиша договор до летото 2022 година.
Тој го наследи Германецот Томас Тухел на клупата на францускиот шампион, кој претходно го водеше клубот од летото 2018 година. Покетино, кој своевремено играше за парижаните две години, веќе се сретна со играчите.
За почеток, тој го одреди списокот на играчи кои планира да ги продаде и да заработи околу 40 милиони евра, а она што му е исто така важно е да задржи некои важни играчи.
Според „Скај Спорт“, Парижаните започнале преговори со Евертон и се очекува да го потврдат трансферот вреден 35 милиони евра, а станува збор за Моиз Кин, напаѓач кој играше на позајмица во ПСЖ.
Кин се претстави многу добро на „Паркот на принцовите“ и затоа беше одлучено да се откупи неговиот договор, а играчот е подготвен да потпише повеќегодишен договор со ПСЖ.
20-годишниот Кин претходно играше за Јувентус и на 11 натпревари во Лига 1 постигна седум погодоци. Оваа сезона тој постигна два гола на пет натпревари во Лигата на шампионите.