Connect with us

Тајмаут

За се е виновна ламбата: Мегвајр одамна вети, а денеска му се одмазди на Шведска

Репрезентацијата на Англија денеска ја совлада Шведска со 2:0 во натпреварот од четврт финалето на Светското првенство во Русија.

Тоа беше голема победа за Англија која конечно се надева на голем успех на еден Мундијал, а еден од најзаслужните за победата беше Хари Мегвајр.

Мегвајр во 30. минута го постигна првиот гол за Англија и на тој начин ја поедностави работата на својата екипа.

Навистина интересно сега изгледа твитот на Мегвајр од пред две години кој го „ископаа“ Англиските медиуми.

Мегвајр тогаш се мачел да ја состави ламбата купена, очигледно, од едно од продажните места на шведскиот ланец на продавници (ИКЕА), па го порача следното:

„Штотуку поминав четири часа составувајќи ја ламбата. Ќе му се одмаздам на шведската нација, во овој живот или во следниот“.