Други спортови
За спомен го чува изгубениот заб на славниот шампион, но овој тврди поинаку: Силно е момчето, но… (ВИДЕО)
Познатиот аргентински боксер Маркос Маидана има интересно сеќавање на натпреварот против Флојд Мејведер, со кого имаше пресметка во мај и септември 2014 година.
Иако Маидана ги загуби двата меча, тоа беше една од најблиските до победата против „The Moneya“, а во мај мечот беше загубен со мнозинска одлука на судиите и го загуби појасот за тешка категорија во ВБА.
Четири месеци подоцна, Мејведер славеше со едногласна одлука на судиите, но во третата рунда наводно му скрши заб на шампионот со перфектно кроше.
Сепак, Мејведер негира дека го изгубил забот, но ударот привлече огромно внимание.
„Тој ме удри добро по гонгот и ми го привлече вниманието. Ништо што не чувствував порано, но јас велам, тој ми го привлече вниманието. Тој не ми го скрши забот. Тој навистина не го стори тоа. Тој е силно момче, добар удирач, но тој не ми го скрши забот”.
Сепак, Маидана тврди поинаку, и некако успеа да дојде до скршен заб што го чува за сеќавање.
Интересно е што после овие натпревари, Маидана реши да ја прекине кариерата, иако во тоа време имаше само 30 години. Тој се збогуваше со односот 35-5.